ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ
Грижата за клиентите и почитувањето на нивната приватност, претставува врвен приоритет за Друштвото за производство, трговија и услуги КОНЦЕПТ ДООЕЛ Струмица (во понатамошниот текст: КОНЦЕПТ). Ние во КОНЦЕПТ, личните податоци ги обработуваме во целост согласно Законот за заштита на личните податоци и другите законски и подзаконски прописи кои ги применуваме во своето работење. Нашиот однос кон заштитата на личните податоци и општо кон почитувањето на приватноста, секогаш се заснова на законито, правично, транспарентно, фер и отчетно работење. Заштитата на личните податоци и нивната обработка само на начин на кој нашите клиенти очекуваат, а сето тоа согласно закон, е наш врвен приоритет.
Оваа Политика за приватност го уредува начинот на кој КОНЦЕПТ ги собира, користи, и обработува податоците собрани од Вас како субјекти на лични податоци (во понатамошниот текст: Вие, субјектите или корисниците) при посета на интернет страницата www.concept.mk (во понатамошниот текст: ”интернет страница“) и/или користење на услугата за веб продажба и нарачки на услуги од КОНЦЕПТ , која е детално опишана во делот насловен: “Додади во кошница” и “Нарачај”. Со пристапот на интернет страницата, потврдувате дека сте ги прочитале, разбрале и дека се согласувате со условите на Политиката за приватност.
Во своето работење, ние едновремено ги почитуваме и применуваме сите начела поврзани со обработката на лични податоци, а со цел да обезбедиме дека Вашите лични податоци се обработуваат согласно прописите за заштита на личните податоци, односно дека тие се:
КОНЦЕПТ како отчетен контролор на личните податоци, секогаш ќе ја демонстрира усогласеноста и применувањето на начелата поврзани со обработката на личните податоци.
Основни податоци за контролорот на личните податоци
Контролор: Друштвото за производство, трговија и услуги КОНЦЕПТ ДООЕЛ Струмица
Седиште: Улица Благој Јанков Мучето бр.30, Струмица, 2400 Струмица,
Даночен број: 4027010511844
ЕМБС: 6604862
e-mail: info@concept.mk
Телефон: +38934609222
Веб страница: www.concept.mk
Офицер за заштита на лични податоци Викторија Терзиева ул. Атанас Нивичански бр.2 тел. 075818788
Чии лични податоци собираме:
Физички лица – корисници на нашите услуги и производи (клиенти)
КОНЦЕПТ обработува лични податоци потребни за целите на воспоставување на деловен однос, за постапување по барања на нашите клиенти, апликации, поплаки, како и за целите на исполнување на законските обврски, кога обработката е задолжителна заради исполнување на овие цели. Без податоци за идентификација, КОНЦЕПТ не е во можност да ги обезбеди соодветните услуги и производи и да воспостави деловен однос со клиент согласно закон. Примарен извор на лични податоци се податоците кои субјектите ги доставуваат при пополнување на Апликацијата за регистрација на клиент, а при воспоставување на деловен однос согласно закон. Физичките лица кои аплицираат, односно поднесуваат барање за одредена услуга или производ на КОНЦЕПТ како што се, на пример: Нарачка на храна или пијалоци, во своите барања доставуваат информации кои содржат податоци за идентитетот на подносителот и лични податоци на други лица вклучени во барањата кои се потребни за нивно процесирање, односно обработка, согласно закон. КОНЦЕПТ овие податоци ги користи единствено за целите на своето работење, а секогаш во корелација со прописите за заштита на личните податоци и едновремено со применувањена сите начела за заштита на личните податоци кои се утврдени во Законот за заштита на личните податоци.
Како посетител на нашата веб-страница, за Вас вообичаено собираме податоци за Вашата навигација кои се користат за анализа на посетите и за одржување на информациската безбедност. При посетата на нашата веб-страница, како и користење на нашите апликации можете доброволно да одлучите дали, кога и на кој начин сакате да стапите во контакт со нас (е-пошта, апликации, онлајн формулар). Исто така, Вие сами одлучувате дали и кои интерактивни алатки ќе ги користите. НЛБ ги користи податоците поврзани со посетата на нашата веб-страница и користењето на нашите апликации за следните цели:
Категории на податоци кои се обработуваат
Податоци во однос на, и во врска со деловниот однос со клиентите, како што се:
Податоци за навигација
При посетата на нашата веб-страница за секој посетител се креираат логови со следниве податоци:
Логовите автоматски се бришат, освен доколку одредени услови бараат истите да бидат зачувани, како што е на пример со цел да се истражи одреден злонамерен код или напад (ang. malicious code).
Податоци кои корисниците доброволно ги доставуваат независно од деловниот однос
Личните податоци кои ги прибираме со Вашата посета на нашата веб-страница, или кога ќе ни испратите електронска пошта (e-mail), или телефонски ќе не контактирате, се оние кои доброволно ќе одлучите да ни ги доставите, а за цели утврдени со закон, како би ни овозможиле да ја реализираме и исполниме услугата или производот кои Ви ги нудиме (на пример: име и презиме, адреса на живеење, контакт телефон, електронска пошта (e-mail), податоци за вашите социјални мрежи, доколку сте пристапиле до информациите на КОНЦЕПТ преку социјална мрежа (Facebook, LinkedIn), податоци за потенцијалните кандидати за вработување.
Како ги собираме Вашите личните податоци
Личните податоци ги собираме преку различни канали и начини на комуникација и тоа:
преку Ваша посета на веб-страницата www.concept.mk, преку нашите апликации, вклучувајќи ги и формите за онлајн аплицирање, преку нашата електронска пошта (e-mail).
Кога ги собираме Вашите лични податоци
Вашите лични податоци ги собираме и обработуваме кога:
Категории на корисници на лични податоци
Обработката на личните податоци во процесите на КОНЦЕПТ поврзани со услугите и производите, вклучувајќи и оние податоци кои се достапни преку веб-страницата на НЛБ се извршуваат од страна на вработени лица во КОНЦЕПТ кои се одговорни и овластени за вршење на овие услуги и производи. Ние во КОНЦЕПТ не споделуваме податоци за Вас или за Вашата посета на нашата веб-страница, на трети лица, освен во случај на:
Време (рок) на чување на собраните податоци
Податоците кои за Вас ги собираме, се чуваат и обработуваат во согласност со закон не подолго од она што е потребно за целите поради кои се обработуваат. Притоа, рокот на чување на Вашите лични податоци се одредува согласно закон, а во зависност од тоа за која цел ги користиме и обработуваме. На пример, можеби ќе треба да ги обработиме за да може да се одговори на Ваше прашање за одреден производ или услуга и како резултат на тоа може да ги чуваме личните податоци сè додека ги користите нашите производи или услуги. Во моментот кога ќе престане потребата од Вашите податоци, ние веднаш ќе ги избришеме или пак ќе ги анонимизираме со отстранување на сите информации кои може да Ве идентификуваат. Доколку сме побарале и добиле Ваша согласност за обработка на Вашите лични податоци и потоа Вие ја повлечете Вашата согласност, а немаме друг законски основ да продолжиме со таа обработка, ние веднаш ќе ги избришеме Вашите лични податоци освен во случај кога со закон се утврдени подолги рокови за нивно чување и обработка. Доколку обработката на личните податоци е потребна за исполнување на законска обврска, во таков случај рокот на чување е определен во конкретниот закон (на пример: клиентското досие на сите свои клиенти КОНЦЕПТ има законска обрска да го чува десет години од престанокот на деловниот однос со клиентот или од датумот на извршувањето на повремената трансакција, согласно Законот за спречување перење на пари и финансирање тероризам). Во секој случај, по исполнувањето на целта заради која податоците биле обработени, а доколку не постои друг правен основ или законска обврска за чување на личните податоци, тие се бришат, уништуваат или соодветно анонимизираат. Списокот со рокови на чување на личните податоци е составен дел на документацијата за заштита на личните податоци на КОНЦЕПТ, а Вие како субјект на личните податоци секогаш можете да го остварите своето право на пристап во однос на тоа дали за Вас се обработуваат лични податоци и да добиете информации меѓу другото и за рокот за кој се чуваат Вашите лични податоци, а ако тоа не е возможно, критериумите кои согласно закон ги користиме за одредување на тој период.
Примена на технички и организациски мерки за заштита на личните податоци
Ние во КОНЦЕПТ настојуваме секогаш да применуваме најсовремени технолошки решенија и достигнувања, со примена на технички и организациски мерки кои обезбедуваат ниво на безбедност на обработката соодветно на ризикот, а со цел Вашите лични податоци да бидат заштитени од неовластена обработка или пак нивно губење, оштетување или уништување. Грижејќи се за Вашата приватност, ние во КОНЦЕПТ применуваме и технички мерки за превенција од интернет измами. Препорачуваме, секогаш кога се најавувате или ја пребарувате нашата веб-страница, или линк кој Ве пренасочува кон нашите домени, пред да споделите Ваши податоци да проверите дали во пребарувачот стои нашиот домеин.
Кои се Вашите права?
Согласно Законот за заштита на личните податоци Вие имате право:
За дополнителни информации или остварување на Вашите права за заштита на личните податоци, можете да го контактирате нашиот Офицер за заштита на личните податоци
Поднесување на барање до Агенцијата за заштита на личните податоци
Државен орган, кој е надлежен да врши надзор над законитоста на преземените активности при обработката на личните податоци на територијата на Република Северна Македонија, како и заштита на темелните права и слободи на физичките лица во однос на обработката на личните податоци е Агенцијата за заштита на личните податоци – www.azlp.mk. Доколку сметате дека обработката која ја вршиме на Вашите лични податоци ги прекршува прописите за заштита на личните податоци, можете да поднесете барање до Агенцијата за заштита на личните податоци.
Промена на Политиката за приватност
Политиката за приватност редовно ќе се менува и дополнува соодветно на настанатите промени и нашите активности согласно закон.